Разловечко востание
На 20 мај 1876 г. во утринските часови Разловци било нападнато од востаниците. Некои Турци биле убиени, а други ранети. Селаните ги изгореле нивните дефтери. По наредба на Поп Стојан, син му Костадин го запалил сопствениот ан за да им даде пример на селаните дека го жртвува имотот за слободата која е поскапа од сè. Откако се пресметале со тамошните Турци, еден дел од четата, предводена од Беровски, заминала кон Малешевијата, за да се соединат со од порано подготвени 300 малешевци.ран Димитар Беровски.
На 19 мај 1876 г. било одржано последното советување, на кое учествувале околу 30 вооружени заговорници. Во текот на состанокот пристигнала вест дека во селото Разловци пристигнале турски даночни чиновници. Уплашени да не бидат откриени, востаниците брзо реагирале и одлучиле востанието веднаш да започне. Преку ноќта се собрале уште 30 вооружени селани и било одлучено востанието да започне во селото Разловци, а потоа да се прошири пошироко. За војвода и главен водач бил избран Димитар Беровски.
Comments
Post a Comment